„Околу нелегитимниот премиер Ковачевски, кога тој се нафати да биде премиер на држава во која нема излезено да го праша јавно народот на избори, легитимно да добие легитимитет за неговото работење како премиер во државата, што да очекуваме понатаму? Јас само да потсетам дека тој е еден од ликовите во државата кој лажеше за неговата кратка биографија, дали тој бил на студии на Харвард. Јас исто така имам посетувано многу обуки да кажам во светот, па зар тоа ни дава за право да лажеме дека сме биле на студии? Зар мене ми дава за право јас да кажам дека сум била на студии во Сорбона? Не! Туку чесност и принципиелност треба да биде на највисоко ниво, сепак работиме државничка работа со која имаме одговорност пред граѓаните“, истакна Бети Стаменкоска Трајковска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.
Стаменкоска Трајковска додаде дека од самиот почеток Ковачевски си дозволи да лаже за неговата кратка биографија. Пратеничката во текот на гостувањето се осврна и на хаосот кој што владее во Собранието.
Кога Собранието е раководено од кадри кои хаотично го раководат истото, дали не е исправно да биде целата ситуација вака развлечена како што е. Сосема се е непрофесионално, и некадарно направено. Еве само ќе се осврнам на последните активности кои ги имаме деновиве во Собранието, се случува телефонски да ни се јавуваат дали ние ќе присуствуваме на одредена Комисија и дали ќе им правиме кворум, со службите го прават тоа. Службите не се тие кои треба да го прават тоа. Обезбедувањето на кворум е должност на власта, сепак тие имаат мнозинство. Но, проблемите кои власта ги има измеѓу прави овие последни денови да тие воопшто не можат да си соберат кворум за работа, појасни таа.
Пратеничката посочи дека власта си прави пасивна блокада во Собранието со своето неприсуство на одредени Комисии и извршување на своите работни задачи.
Власта не може да си овозможи кворум за работа на пленарните седници за да изгласаат еден дневен ред, а не понатаму и за изгласување на одредени закони. На крајот од денот сметам дека доколку има некаква морална обврска према граѓаните кои ги бирале, сето ова лудило кое се случува навистина треба да биде сопрено заради тоа што најмногу страдаат граѓаните. Најмногу страдаат граѓаните, граѓаните денес живеат во една тешка ситуација, сите ние живееме во економска, енергетска, образовна, идентитетска криза. Значи сите овие кризи се резултат на едно непрофесионално и некадарно и невешто работење од страна на власта“, нагласи Стаменкоска Трајковска.
Таа рече дека во своето десетчасовно обраќање се осврна само на мал број проблеми и скандали кои ги има предизвикано власта.
Ако ние ја немавме оваа власт, ако беа поинакви работите, ова дно кое денес го живееме, дно кое нема крај, немаше да постои, појасни пратеничката.
Стаменкоска Трајковска се осврна и на бирањето на уставни судии при што нагласи дека во целата таа долга процедура поминати се само двајца кандидати кои се предложени од страна на власта. А, сега во моментов дискусијата се води околу актуелниот јавен обвинител Љубомир Јовевски.
Во моето десетчасовно говорење се осврнав на негде отприлика околу чинам дека беа околу некаде 213 афери, за кои јавниот обвинител нема преземено активности или дел од нив обвинение не е покренато, нагласи таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.