Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трјкоска на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека после 8 години раководење на министерството за внатрешни работи, Оливер Спасовски токму сега објавува војна на криминалците.

Таа запраша за тоа дали онаа „војна“ што Спасовски ја објави против криминалците после 8 години раководење на министерството денес му текна на министерот да објави војна против криминалците?

Дали сега тој објави „војна“ на сите 250 белосветски криминалци на кои им даваше пасоши па може го реши тој проблем. Дали е свесен дека министерот крши закон за заштита на лични податоци и врши упад во работата на службите со давање јавно информации за тоа кој земал државјанство, а кој не. Каде е кокаинот од статистиката на министерот кој на телевизија има изјава дека прво полугодие каде пишува на фамозните слики кој тој во јавноста ги покажува и стои дека во првото полугодие има 3,56кг кокаин а замислете после пократко време излегува повторно на телевизија и образлага период Јануари – Август каде фалат 360грама кокаин од неговата статистиката – рече Стаменкоска Трајкоска.

Таа додаде дека постојано има лаги криминал и корупција и постојано тоа се гледа од страна на власта.

Сакав да поставам прашање и до Артан Груби, но и тој не е тука. Многу ме интересира дали уште на братот негов на онаа фирма ЕТЦ Травел дава државни народни пари? Дали јавноста беше сведок пред одредено време дека едно ауди изгоре за кое министерот тврдеше дека е на негов пријател, што се случи, му купи ли на неговиот пријател ново ауди, каде е одговорноста за горењето на колата? , запраша Стаменкоска Трајкоска.
Стаменкоска Трајкоска истакна дека министерот Груби кој не е тука присутен е зафатен со раководење на владата и криминалот во државата.

Таа исто така праша дали Бајрами кој е директор на лотарија а негов шеф на кабинет во Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците ќе плаќа месечна кирија од 21 илјади евра на личност која директно или индиректно е блиска со претседателот на ДУИ Али Ахмети и неговата партија?

Стаменкоска Трајкоска упати и загриженост поврзана со учебниците.

Она што најмногу ме испровоцира денес е изјавата на Јетон Шаќири во Фокус каде изјавивте дека учебниците во сите училишта во Скопје се доставени. Министре не е само да работите во МОН туку малце да излезете на терен и да ги дознаете информациите ама вие не излегувате на терен туку вашиот заменик излегува на терен и врши притисок како во Велес – изјави Стаменкоска Трајкоска.

Таа упати загриженост во врска со учебниците за 6-то одделение кои не се пристигнати сеуште.

Прашањето е конкретно за 6-то одделение од 8 предметни се пристигнати само природни науки, јас проверив тоа се случува во Кисела Вода, Аеродром, во Македонија конкретно и за Кавадарци, Прилеп, Битола и многу места и ги терате наставниците да копираат што е противзаконски зошто ги терате затоа што наставниците немаат алатка за работа и вие индиректно ги терате да прават криминал како што е противзаконски и работењето едни да држат 28 часа да работат многу повеќе од други наставници кои имаат помалку часови а ќе земаат иста плата, тоа е противзаконски – кажа Стаменкоска Трајкоска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.