СРЕЌНА НОВА 2022 ГОДИНА!!!

Нека оваа година биде поинаква! Нека биде година без маски! Нека биде година во која ќе ја испратиме пандемијата, ќе заборавиме на сертификатите, нема да дебатираме за вакцините!

Промените нека одат на подобро! Да не зборуваме за кризи и падови, да зборуваме за успеси и прогрес! Да останеме свои, да го зачуваме својот идентитет, да ја негуваме традицијата, да ја воздигнеме културата!

Да даваме љубов повеќе од што добиваме! Да сакаме, да се смееме, да се забавуваме! Да бидеме заедно! Секој од Вас нека го исполни својот сон, овде во Македонија! Македонија нека биде земја во која имаме перспектива! Македонијо, зачувај нѐ дома!

Со искрени желби за многу здравје, љубов и насмевки,
Тимот на Република.мк!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.