Министерот за правда Никола Тупанчески за време на работната посета на Албанија се сретна со Васил Стејровски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција.
На средбата се разговараше за правата на македонското малцинство во Албанија.Беа отворени повеќе прашања за унапредување на статусот на Македонците во албанското општество, како и за начините врз основа на кои Република Македонија и Република Албанија, во рамките на својата соработка можат да го помогнат овој процес. Во таа насока во континуитет се преземаат активности за обезбедување на институционална поддршка за заштита и унапредување на културниот и јазичниот идентитет на македонското малцинство.
На средбата која се одржа во македонската амбасада во Тирана присуствуваше и Амбасадорот Данчо Марковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.