На маргините на вонредниот состанок на министри за одбрана на НАТО земјите членки кој се одржува денеска во седиштето на Алијансата во Брисел, министерката за одбрана Славјанка Петровска се сретна со својот бугарски колега, Драгомир Заков.

Министерката Петровска најнапред му упати честитки на министерот Заков за преземањето на функција министер за одбрана и му посака многу успех во работата.

Двајцата министри за време на средбата истакнаа дека ова е предизвикувачко време за европската безбедност.

Петровска и Заков ја споделуваат загриженоста по безбедноста на континентот, но истовремено ја потврдија и силната определба на двете земји како сојузници да придонесат за одржување на стабилноста, мирот и безбедноста во регионот.

На средбата се дискутираше за продлабочување на одбранбената соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Министерот Заков упати покана до министерката Петровска за скорешна средба во Софија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.