Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обидинетите нации во Северна Макеоднија, Рита Колумбиа, на која беше реафирмирана повеќе од дводецениската блиска соработка помеѓу Македонија и агенциите на ОН во земјата. Министерот Муртезани упати благодарност за партнерството коешто го поддржува патот на земјата кон ЕУ интеграција и инклузивен развој, имајќи предвид дека иницијативите на ОН се тесно усогласени со реформските цели на Македонија.

Министерот Муртезани, исто така, ја истакна улогата на агенциите на ОН, особено UNOPS и UNDP, во справувањето со значајни предизвици и во унапредувањето на клучни проекти финансирани од меѓународни партнери. Тој подвлече дека нивното учество во работните групи предводени од Владата го зајакна координирањето на донаторите, осигурувајќи ефикасна употреба на ресурсите за поддршка на приоритетите на Македонија за ЕУ интеграција.

Соговорниците се осврнаа и на стратешките приоритети на ОН во Македонија, дефинирани во Рамката за одржлива развојна соработка 2021-2025, кои ги опфаќаат одржливиот и инклузивен економски и социјален развој, климатските промени, управувањето со природните ресурси и ризици од катастрофи, како и транспарентното и отчетно демократско управување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.