Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани на маргините на Форумот на млади во рамки на Берлинскиот процес, оствари средба со државната министерка за млади и деца на Албанија, Бора Мужаќи.

 

На средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во областа на политиките за деца и млади, како и младинската размена на искуства.

Двајцата министри се согласија дека само младите можат да ги водат државите кон патот на евроинтеграциите.

 

„Ние, државите од регионот на Западен Балкан имаме многу повеќе работи кои не соединуваат, отколку што не разделуваат. Затоа од особено значење е да ги поврземе младите во регионот преку разни заеднички иницијативи, настани и процеси,“порача Лимани.

 

Соговорниците се осврнаа и на значењето и улогата на Регионалната канцеларија за младинска соработка RYCO, која веќе 8 години работи на поврзување на младите од регионот.

 

Еден од заклучоците на средбата беше и дека како земји од Западен Балкан треба да вложиме повеќе напори за да се придвижиме побрзо и станеме конкурентни со другите земји од ЕУ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.