Во малиот парк до зградата на локалната самоуправа во Гостивар ќе биде поставено спомен обележје на Јосиф Багери, културен деец, православен Албанец, по потекло од Горна Река. Одлуката беше изгласана на денешната седница на општинскиот Совет, во рамки на  Програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележја.

На сите ни е познато кој бил Јосиф Багери и колкаво е значењето на неговото дело.  Спомен обележјето, кое е планирано да се постави во паркот до општината е подарено од донатор, рече Аслијан Снопче, раководителка на Секторот за образование.

Советникот од ДУИ, Лек Далипи реагираше дека текстот на Програмата не е во соагласност со Уставот и побара да се смени.

Јас не сум против поставување на споменикот, но сметам дека текстот на Програмата е тенденциозен. Таму, наместо Албанци, стои „дел од албанскиот народ“. Ваква беше реториката пред 2001-ва година, ние не сме „дел“, туку сме Албанци. Ова е пропуст на администрацијата и треба да се смени согласно Уставот.“, рече Лек.

Претседателот на Советот, Валбон Лимани им предложи на советниците точката да се стави на гласање, а дополнително да се извршат промените во тој дел и текстот да се смени како што пишува во Уставот. Одлуката беше донесена со мнозинство гласови. Советниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ по оваа точка беа воздржани.

Јосиф Јован Багери роден 1870 година во с. Нисторово, Горна Река, Гостиварско бил католички свештеник, еден од најистакнатите албански културни дејци од почетокот на  20 вел. Бил оженет со Василка Бошкова. Го уредувал списанието „Shqypja e shqypnis“ во Софија, Бугарија, а во почетокот на 20 век активно учествувал во просветувањето на албанското население во реканскиот регион и пошироко. Како културен и просветителски деец, дејствувал во Софија, Дебар, Скопје, Драч и во Приштина, каде се упокоил во 1916 година.

извор Гостиварпрес.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.