Социјалистичката партија на Македонија реагира на изјавите на премиерот Ковачевски и неговото толкување на начинот на спроведување на уставините измени сметајќи го за крајно неодговорно, како и неговото поминање за демократијата, па макар тоа се однесува и за Македонија која секојдневно сè повеќе се претвора во авторитарен режим на една апатридна и самонабедена политичка елита.
Ковачевски е свесен дека во Собранието тој и останатите од власта доживеаа целосен фијаско и во надворешната политика од суштинско значење за опставок на Владата, со што сите нивни очекувања и нереални надежи пропаднаа во вода.
Социјалистичката партија на Македонија изразува загриженост за оценката на премиерот за собранискиот процес на уставните измени пред зачленувањето во НАТО. Кршењето на основните демократски права Ковачевски си зема за слобода да го оценува како успешен процес, како и промената на државното име со непочитување на референдумската волја на граѓаните, како и со жестокиот притисок врз опозициските пратеници со примена на насилство, закани, уцени, подмитувања и изигрување на законите. Ова е срамна изјава на човек кој не е достоен за местото на кое се наоѓа.
Оттаму, тој со изјавата дека процесот за уставни измени само што започнал, веројатно мисли и најавува повторување на чинот на непочитување на народната волја кој исклучува секакво право на слобода на мислењето и делувањето и што може да се цени како негова отворена закана кон опозициските пратеници.
Социјалистичката партија на Македонија цени дека овие неодмерени, несериозни и непромеислени изјави за рушење на ионака многу малку постоечката македонската демократија преставуваат сериозна опасност за крајно политичко дестабилизирање на државата и дополнителна подделба во општеството, но тие претставуваат и реална основа за вклучување за надлежните институции од самиот Ковачевски да добијат одговор што точно тој мислел.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека не постојат притисоци и закани на кои опозициските паретници не се подготвени да им се спротивстават. Нивната цврста поврзаност со македонскиот народ и поддршката која секојдневно ја добиваат се причина повеќе за политичко војување сè до рушење на ова тиранска, авторитарна и ненародна власт на СДС и ДУИ, велат од Социјалистичката партија на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.