Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, рече дека кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова има антиалбански концепти и дека затоа не треба да биде поддржана од Албанците.
Овие коментари Коњуфца ги даде неколку часа по средбата на Мицкоски во централниот штаб на коалицијата „ВРЕДИ“ – поддржана од премиерот Албин Курти и неговата партија – со Арбен Таравари.
Според него, на средбата беше алудирано дека лидерот на Македонската опозиција отиде да бара поддршка за вториот круг од претседателските избори или да обезбеди прелиминарен договор за новата влада на Македонија.
„Колку што лично јас сум ги видел политичките концепти што ги разви Гордана Силјановска-Давкова се многу антиалбански концепти, постои сомнеж за албанското население таму“, рече Коњуфца.
„Јас сум многу против овие концепти. Јас би бил против каква било поддршка од кој било Албанец за вакви концепти, бидејќи јас внимателно ги слушав. Тоа е антиалбански концепт што оваа кандидатка сама го објасни“, додаде тој.
Првиот човек на Собранието истакна дека тој лично не би преферирал ниту една таква опција, бидејќи, според него, „тоа е на штета на Албанците“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.