Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во рамки на работната посета на Министерската конференција што се одржува на 3 и 4 мај во Атина, оствари билатерална средба со министерот за заштита на граѓаните на Грција, Панајотис Теодорикакос, прва од ваков вид гостинска средба во Република на највисоко ниво, со што се отвора едно ново поглавје во областа на безбедноста, потенцираат од кабинетот на Спасовски.
На средбата двајцата министри искажале задоволство од начинот на кој се одвива соработката меѓу двете министерства и двете соседни земји во изминативе неколку години како на оперативно така и на политичко ниво, со уверување дека тој тренд на соработка ќе продолжи да се надградува и во иднина.
На средбата станало збор за теми кои се актуелни во моментов, како што е состојбата со бегалците кои пристигнуваат од Украина, како и за состојбите со илегалната миграција.
„Спасовски рече дека во овој период се откриени 24 случаи на криумчарење мигранти во кои е спречен обид да бидат прокриумчарени 217 мигранти. Бројот на откриените случаи, кривичните дела и мигрантите бележат тренд на зголемување, споредбено со истиот период претходната година“, е истакнато во информацијата од МВР.
Во делот на меѓународната и регионалната соработка на двете министерства, двајцата министри ја потенцирале важноста од истата, особено во заедничката борба против организираниот криминал и тероризмот и изразиле уверување дека и натаму остануваат посветени на заедничкото дејствување во рамки на регионални и меѓународни иницијативи. Двајцата министри се согласиле за продлабочување на соработката помеѓу директорите на полиции на оперативно ниво, во делот на размена на искуства при заеднички вежби и обуки за специјалните елитни единици од двете земји во борбата со организираниот криминал и трговијата со дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.