Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за Радио Слободна Европа вели дека се разгледува можноста наместо промена на табличките да се прибегне кон ставање налепници врз веќе постоечките.

Спасовски вели дека за оваа цел формирана е и работна група. Обврската според договорот е промената да се изврши најдоцна до следната година. За оние кои што нема да го почитуваат репението ќе бидат предвидени строги казни.

Доколку пак сепак се прибегне кон целосна промена на табличките, а тоа би подразбирало и целосна промена на целосната документација, пресметките велат дека тоа би чинело околу 11 милиони евра.

Цената на сообраќајната дозвола е 200 денари, а цената на регистарските таблички е од 1.200 до 1.300 денари, во зависност од обликот на регистарската таблица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.