Глупост невидена е да се казнува некој во Македонија што до 12 овој месец не сменил лична карта или возачка дозвола заради името „Cеверна Македонија“. Тоа не се случува заради грешка или неодговорност на граѓаните и ако има таков закон мора итно да се смени, пишува Ѓорѓи Спасов, професор и активен поддржувач на СДСМ на својот профил на „Фејсбук“.
Во спротивно може да ѝ случи на власта граѓански отпор и непослушност односно масовно неплаќање на такви казни. Што ќе прави таа во таков случај? Ќе ги праќа неплаќачите во затвор? Треба да се домислуваат работите. Во спротивно некој ќе праша: Како е можно да гласаме со стари лични карти на следните избори, а не можеме да возиме низ земјава со старите возачки дозволи? Кога услов за гласање би биле само документи со Cеверна Македонија партиите би трчале и би плаќале да им обезбедат такви документи на граѓаните. Но, вака се безбедни и сè е на трошок на граѓаните. Дури треба да платат по 30 евра за патен лист што ќе им го издаваат амбасадите за да се вратат во земјава. Како и да е. Овој гнев што со хаосот околу менувањето на документите се создава ќе влијае многу лошо врз изборните резултати пред сè на СДСМ, пишува Спасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.