Совет на амбасадори е изненаден и загрижен што одреден вид неприфатливи дејствија на непотизам, партиско влијание и небрежност, како што овие денови објавуваат медиумите од реакциите нa дипломатските претставништва акредитирани во земјата, доаѓаат од важни државни институции и органи на државна управа како што се М-НАВ, Совет на јавни обвинители и посебно АНБ.

Советот посебно е загрижен од најновите информаци за големиот пропуст на неколку владини институции во врска со издавањето македонско државјанство на украинскиот олигарх Олександр Онишченко, државјанин на Украина кој се наоѓа на црната листа на нашиот стратешки партнер САД а за кого била објавена потерница од Украина, (земја која ја ужива нашата воена и друга поддршка за ослободување) поради криминални, финансиски и други противзаконски дејствија. Овој вид небрежност и површно разгледување на барањето за државјанство е во спротивност со познатите НАТО и ЕУ критериуми.

Нашата загриженост е дека се работи за сомнителнии неприфатливи постапки на државни институции кои го уриват авторитетот на државата на меѓународен план и ја разнишуваат довербата кај нашите стратешки партнери САД и ЕУ кои со децении вложуваат значајни финансиски средства во зајакнувањето на институциите надлежни за борбата против корупцијата, организираниот криминал, непотизмот и партизацијата.

Што се однесува до украинскиот олигарх Онишченко, Советот ги подржува ставовите на претседателот Пендаровски и премиерот Ковачевски, државните институции да превземат итни чекори во обедолувањето на овие неприфатливи дејствија и сторителите да се соочуваат не само со морална туку и законска одговорност (доколку го има) бидејќи го уриваат угледот на нашата држава и ги наштетуваат евроинтеграцијските процеси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.