Министерот за здравство Фатмир Меџити да даде образложение засновано на факти и докази односно да ги презентира злоупотребите утврдени од надзорот со цел јавноста да е информирана зошто го разреши директорот на Универзитетската клиника за кардиохирургија проф. д-р Сашко Јовев, еминентно стручно лице во медицината, под чие водство за првпат во државата се започна со кардиохируршка интервенција на пресадување на срце, реагираат од Советот за здравство на Либерално-демократската партија.
Како што посочуваат од Советот на ЛДП, одлука за разрешување може да се донесе, но истата треба да биде поткрепена со сериозни аргументи за злоупотреба на службената положба и овластување, бидејќи изјавите со паушални обвинувања кон раководните лица на јавните здравствени установи не придонесуваат за надминување на состојбите во здравството.
– Воедно повикуваме да се престане со партиската поделба на раководните функции во јавните здравствени установи и да се овозможи овие позиции да бидат достапни за сите оние кои се истакнуваат со стручност, компетентност и моралност во извршувањето на одговорната улога на прв човек во јавна здравствена установа, додаваат од Советот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.