Социјалистичката партија на Македонија, како и целата јавност – одлуката на Владата со препорака за отповикување на двајца од тројцата членови на Управниот одбор на М-НАВ ја смета за повеќе од смешна.

Допонително димензии на обичен циркуз овој случај добива со попладневното премислување на Владата со замена на новоименуваниот директор со нов.

Со ова се потврди дека владата на Ковачевски е целосно предводена од криминалната ДУИ, а обичен подизведувач е СДС со сите подредени однесувања, лаги и корупција.

СДС заслужено се повеќе и незапирливо тоне и идеолошки, политички и морално во својата немоќ да се спротивстави на разулавената банда, не како нејзин коалициски партнер туку како семоќен газда.

Оттаму, СДС повеќе воопшто не може да претставува било каков фактор во домашниит политички живот, со оглед на очигледната компромитација по секој основ и буквално за се. Но тоа е прашање со кое би требало да ги засегне малкуте останати искрени членови измешани со збунети и нереализирани шарени рецидиви.

СДС и власта не го осудија дивјачкото однесување на припадници и силеџии на ДУИ кои со закани кон вработените во државната контрола на летање ги заплашуваа дека мора да се потчинети кон ДУИ, а не кон системот на државата. Една идеолошки превртлива тесна групација политички формализирана во ДУИ го претставува семожниот и без никакво право на тоа господар на Македонија и нејзините граѓани.

Социјалистичката партија на Македонија бара сите инволвирани прекршители итно да одговараат по законот за нарушување на безбедноста на авиосообраќајот.
Сите полициски одговорни, обвинители и судии вклучени во овој предмет да се исклучат од него, со понесување на одговирност или за свесно влијание со олеснителни квалификации и занемарување на факти или за непрофесионалност или нестручност и некомпетентност. Заедно со нивните ментори и заштитници од ДУИ.

Нивниот маргинален коалициски партнер СДС повеќе нема никакво влијание врз политичките процеси во државата но заради продажбата на државата по цена за исклучиво задржување на власта за само уште 20 тина дена ќе сносат сериозна политичка и кривична одговорност за свесно делување спротувно на интересите на македонската држава и македонскиот народ, доколку воопшто можат да разберат што воопшто македонско значи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.