На вториот ден од саемот на проекти за млади „Иднина за сите во Македонија“ во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на панел дискусијата на тема „Корупција и владеење на правото“ свое обраќање имаше Марија Милошевска, потпретседател на УМС која што истакна дека поради СДСМ и ДУИ владеењето на правото во моментот доживува слободен пад.
„Иако владеењето на правото е едно од клучните темелни вредности на уставниот поредок во Македонија владеењето на правото во моментот како резултат на владеењето на СДС и ДУИ во моментот доживува слободен пад. Тоа е резултат пред се на криминалното владеење во оваа држава и бидејќи се изложени на нечесни и коруптивни влијанија и дејствија на функционерите од оваа власт. Во држава во која што не постои владеење на право немаме ниту сигурна економија, безбедност, култура, ниту здравство. За каква држава живееме покажува од фактот што од вкупно тројца номинирани генерални секретари на владата на Македонија се осудени и се во судски процеси за злоупотреба на нивната службена положба и корупција и перење пари. Од оваа состојба најзагрозени се чувствуваат младите луѓе и поради овие факти секој 4 млад човек сака да ја напушти државата. И токму поради оваа треба под итно да се смени власта и да преминеме на чесни и здрави кадри кои што ќе ја сакаат својата држава и ќе пристапат кон чесно и искрено работење“ нагласи Милошевска.
Горан Степановски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ Битола истакна дека во 2021 година кога го презема раководењето на претпријатието, од претходната гарнитура истото беше оставено во многу лоша состојба, додавајќи дека финансиската состојба е најклучниот факт дека внатре во претпријатието се извршувале повеќе коруптивни настани и истото, на неколку дена пред исплата на платите на вработените, беше оставено без финансии за нивна исплата.
„Впрочем, од периодот 2017 до 2021 година, незаконското работење беше симбол на работење на скоро сите јавни претпријатија во градот. Претпријатието го затекнавме, слободно можам да кажам, во една катастрофална состојба во повеќе аспекти и финансиска и состојба на возен парк, а знаете дека на јавно комунално претпријатие на кое основната дејност му е собирање на смет и чистење на улиците, да го оставите без сервисирани возила надвор од возна состојба. А од друга страна можеме да видиме дека се трошеле мегаломански суми на средства за резервни делови, гориво и слично, што едното со другото не содејствува. Исто така, битен факт со кој се служело тогашното раководство, не само во ова јавно претпријатие, бил и непотизмот“, рече Степановски.
Свое обраќање имаше и Денис Пановски, член на Советот во општина Пробиштип и член на ИК на УМС кој што истакна дека моменталната состојба во Македонија со корупцијата е алармантна и тоа не само во високите ешалони на власта туку таа се прелева и на локално ниво и во локалните институции.
„Моменталната состојба во Македонија со корупцијата е алармантна и тоа не само во високите ешалони на власта туку таа се прелева и на локално ниво и во локалните институции. Сметам дека моментално во општините каде што раководи СДС таму има најмногу корупција за тоа говори и фактот дека на „Транспаренси Интернешнл“ Македонија се најде на 111 место со тоа што беше најлошо рангирана до сега во својата историја. Главна причина за иселување на младите од Македонија е корупцијата и без да се реши овој голем проблем со корупцијата во државата младите не можат да имаат перспектива во земјава. Сметам дека најмногу треба да се обрни внимание во казнувањето и соочувањето на последиците од сторената корупција, бидејќи извршителите не се казнуваат со што се повеќе се зголемува корупцијата во Македонија“ истакна Пановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.