Собранието денеска со 65 гласа „за“ го изгласа Законот за задолжување со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка.

Во текот на општиот претрес за законот на продолжението на 14. седница опозицијата обвини дека договорот за заемот е направен зад затворени врати, со крајно сомнителни намери и носи огромни политички и економски последици со енормно зголемување на јавниот долг. Наспроти нив, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека постапката е транспарентна и оти првпат има заем за кој однапред се знае за што ќе биде потрошен иоти ќе се помогне на општините и на стопанството.

Заемот Унгарската експорт – импорт банка, приватно друштво со ограничена одговорност, ќе се повлече во една транша, рокот за отплата е 15 години, со вклучен грејс период од три години, а каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти. Ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја година.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски образложи ги претстави условите за заемот и посочи дека државава ќе и плаќа на унгарската Експорт импорт банка провизија за евентуално неповлечени финансиски средства во висина од 0,5 проценти од заемот, на годишно ниво.

По изгласувањето на законот и потпишување на указот од страна на претседателката планираме веднаш да се потпише договорот и овие провизии да не се плаќаат по овој основ, рече Јанкуловски.

Како што дополни, државава ќе ѝ плати провизија за извршени правни услуги на независна фирма избрана од Унгарската експорт – импорт банка пред повлекување на траншата.

Од она што го знаеме е дека таа провизија ќе изнесува околу 70 илјади евра и споредено со еврообврзницата што сме ја издале во 2023 година за ист износ на заем сме платиле 880 илјади евра, а во 2021 година милион и 200 илјади евра, наведе заменик-министерот за финансии.

Целта на обезбедувањето на заемот, посочи Јнакуловски, е да и се помогне на земјата да има одржлива надворешна финансиска состојба, истовремено поттикнувајќи ги економските прилагодувања и структурните реформи.

Пратеникот од опозициската СДСМ Фатмир Битиќи, истакна дека државата ќе биде и должник и ќе плаќа и провизии на фирма која нема сама да ја избере.

Во случајов покрај провизијата од 0,5 проценти добиваме и скриени трошоци за правни услуги, кои во суштина немаат никаква врска за македонсккте институции. Се појавуваат скриени трошоци за кои многу малку или воопшто не можеме да слушнеме ниту прочитаме. Никаде не стои колку е износот на скриените трошоци кон избраната консултантска куќа, така што измислените 70 илјади евра и можеби 700 илјади, или пак 7 милиони ги знае само Владата, но наскоро ќе видиме во отворени финансии, рече Битиќи.

Според него, со овој заем се остава постор за политичи манипулации и корупција, а странските заемодавци може да поставуваат услови кои ќе бидат неповолни за нашата држава и ќе влијаат на нашите внатрешни и надворешни политики.

Унгарската банка има историја за финансирање проекти кои отстапуваат од западно европскиот вредноесен корпус. Се поставува прашањето дали истото ќе се случи и кај нас и дали ќе бидеме приморани да правиме политички отстапки за овој заем, дали ќе бидеме ставени под влијание на надворешно политики агенди кои не се во согласност со демократските вредности на нашето општество, рече Битиќи.

Ова, оцени, е потенцијална замка која може да ја стави државата на патот на политичка подреденост и економска зависност од режими чии интерси не се усогласени со интересите на нашиет граани и со демократските идеали.

Ова задолжување носи огромен ризик за економската стабилност на државата, идните генереации ќе ги плаќаат псоедкиците, а граѓаните ќе се соочат со зголемени даноци и инфлација и намалена куповна моќ. Ова не е патот кон економски развој, рече Битиќи.

Најзагрижувачки рече дека е „недостатокот на транспарентност и брзината со кое ова задолжување е најавено и веќе се спроведува без никаква институционална контрола и јавен надзор“.

Како е можно само пет дена по формирањето на новата Влада на 23 јуни 20204 година унгарската банка да достави писмо со намери за заем од половина милијарда евра. Уште позастрашувачки е фактот што преговорите се почнати со странска влада уште додека ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција. Како, зошто и според кои правила. Ова е Договор направен зад затворени врати кој носи огромни политички и економски последици врз сите нас, наведе Битиќи.

Според него, образложувањето на потребата за законот од страна на пратеник а не од министерката за финансии отвора големи прашања дали оваа одлука е навистина во соглансост со економските интерси на граѓаните. – Дали отсуството на министерката за финасии значи несогласување или уште полошо неподготвеност да преземе одговорност за оваа одлука и за нејзините последици, праша Битиќи.

Обвинувајќи дека процесот се водел во тајност праша и „дали Владата се плаши од реакцијата на граѓаните ако вистината излезе на виделина и зошто овој заем не се објавил во предизборите, бидејќи, како што рече, веројатно стравувале дека гласачите ќе ја видат поврзаноста со претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ“.

Реплицирајќи, Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека додека Битиќи бил вицепремиер за економски прашања неговата влада го дуплира јавниот долг од 4,7 милијарди евра на 8,9 милијарди евра.

Да се зборува за тајност за едно задолжување кое што беше најавено уште во предизборниот период, за едно задолжување за кое што се дебатира со месеци е смешно. Тоа е така затоа што свесни се дека ова задолжување е далеку поевтино од сите нивни претходни задолжувања, затоа што неговата влада на овој поранешен вицепремиер замо од јануари до јуни 2024 година, за само шест месеци направија вкупни трошоци за камати во Буџетот од 182 милиони евра, а во истиот период во 2023 година биле 108 милиони евра, а во 2022 биле 83 милиони евра, рече Петрушевски.

Го праша Битиќи зото не каже дека се работи за задолжување со каматна стапка од 3,25 проценти и поволностите кои што се однесуваат на три годишен грејс период и 15 години рок на отплат. – Очигледно затоа што не ви оди во прилог. Повикот за општините е објавен, со коморите е договорено, парите ќе се инвестираат кај граѓаните и во македонската економија, рече Петрушевски.

Неговиот сопартиец Бојан Стојановски оцени дека првпат има најтранспарентен начин како ќе бидат потрошени средствата од заемот, кои, посочи дека „ќе влезат во Буџетот само како попатна станица додека не бидат испратени таму каде што треба“.

Овој заем доминатно ќе биде искористен за две цели, за финансирање на инфраструктурни проекти на општините во износ од 250 милиони евра и за финасирање на евтини кредити кон стоанството од 250 милиони евра, рече Стојановски, посочувајќи дека средствата нема да бидат управувани од Владата, туку од општините и стопанството.

Претседателот на Собранието Африм Гаши ја прекина седница поради немање услови за работа по останатите точки на дневниот ред.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.