Собранието на Македонија доби ТВ студио, чие опремување е реализирано во рамки на Програмата за собраниска поддршка финансиски помогната од Националниот демократски институт и Швајцарската агенција за развој.
На денешното свечено отворање се обратија претседателот на Собранието Талат Џафери и швајцарската амбасадорка во земјава Вероник Улман.
Џафери во обраќањето рече дека со ова студио работата на Собранието ќе стане потранспарентна и повидлива под надзор на камери.
За новинарите има можност за онлајн вклучување во работата на сите тела. Амбасадорката Улман рече дека ова е проект реализиран во рамки на Програмата за парламентарна поддршка и Меморандумот за соработка меѓу двете земји.
Навистина сум среќна што денес сведочиме на зголемените капацитети на Собранието, особено во поглед на улогата што ја има Собранието, а тоа е да биде претставник на граѓаните, нагласи Улман.
Таа подвлече дека е многу важно да има собраниски ТВ канал и студио, како придобивка за граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.