Собрани се 2.092 проекти од граѓаните од Отворениот ден во општините, кој се одржа викендот, соопшти денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Работиме транспарентно и отчетно, заедно со народот создаваме промени за сигурна иднина!, вели Мицкоски.

За време на Отворениот ден граѓаните имаа можност да даваат свои предлози за проекти и да се вклучат во изработувањето на програмата за нивната општина. Од ВМРО-ДПМНЕ ветуваат дека голем дел од овие проекти ќе бидат вметнати и испланирани во буџетите на општините кои ги предводат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.