Владата ги укина економските директори во здравствените установи, парите ќе одат кон подобрување на здравствените услуги, велат од ВМРО ДПМНЕ.

На вчерашната седница владата пристапи кон предлог измени на Законот за здравствена заштита, со цел укинување на институцијата економски директор во јавните здравствени установи.

Со укинувањето на економските директори, се укинува дуализмот во здравството, но и се подобрува ефикасноста.

Со воведување на систем на еден директор, се намалуваат административните трошоци, а средствата ќе се пренасочат во подобрување на здравствената инфраструктура, зголемување на транспарентноста и отчетноста, велат од владејачката партија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.