Запалено македонското знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме. На Бит Пазар од возила се веат албански знамиња, додека во еден момент го вадат и македонското знаме, но не за да го виорат туку да го запалат. Неколкумина го кинат црвено-жолтото знаме, го шутираат по земја и го палат.
Во вечерните часови продолжи „дефилето“ со албански знамиња низ скопсите улици по повод Денот на албанското знаме. Kолона од стотина возила, придружувана од страна на полицијата, со развиорени албански знамина тргна од средно Водно и се движеше кон централното градско подрачје. Граѓаните кои се најдоа во овој дел од Скопје сведочат дека движењето во двата правци било целосно блокирано.
На видеа од прославата објавени на социјалните мрежи се слушаа и рафални пукотници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.