Со овој чекор власта уште еднаш ја испушта можноста за консензус. Имено седнале Бујар Османи, Артан Груби и можеби Бојан Маричиќ напишале документ кој го насловиле манифест и откако самите го дефинирале го пуштаат во форма на соопштение преку сервисната служба на СДС до јавност со повик до ВМРО-ДПМНЕ да прифати веќе напишан документ. Освен тоа што со овој чекор тие признаваат дека не мрднале ниту милиметар во насока на остварување на стратешките интереси на државата, тие покажуваат и отсуство на целосен капацитет за градење на консензус. ВМРО-ДПМНЕ откако официјално ќе го добие овој документ, ако воопшто има основа за разгледување, ќе го изанализира и ќе излезе со свој став, kоментира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
. Се работи за повик кои што они еве веќе втор ден го упатуваат. Напишале документ кој што го нарекуваат Манифест. Го потпишале како што велите вие од голем број на политички лидери, а сега вториот ден го нарекуваат добра основа за разговор. Ќе повторам уште еднаш, покажуваат базично непостоење на капацитет за компромис и консензус. Седнале го напишале документот, го потпишале, го даваат во јавноста и бараат негово прифаќање. Воопшто не мрднале ниту милиметар во насока на остварување на стратешките интереси на државата, а покажуваат и отсуство на целосен капацитет за градење на консензус. Откако ВМРО-ДПМНЕ ќе го добие и официјално документот, ако има основа за разгледување, ќе го анализира и ќе излезе со свој став.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.