Теренската активност на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Ова е Македонија за сите“ и вчера продолжи. Се посетија бројни населени места каде што се разговараше со граѓаните за нивните проблеми со кои што секојдневно се соочуваат, а власта нема слух за нив. Исто така од ВМРО-ДПМНЕ се понудија и бројни решенија за проблемите на граѓаните. Граѓаните бараат избори со цел да се смени оваа ненародна власт која само донесе енормна сиромаштија, иселување на младите, корупција и криминал.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев додаде дека граѓаните се незадоволни од економијата државните прашања, националните прашања, социјалата,образованието и здравството.

„Тука сме да кажеме дека народот е незадоволен од економијата, од државните прашања, од националните прашања, од образованието, здравството и социјалата. Тука сме да кажеме силно против коруптивните политики на СДСМ и ДУИ. Затоа продолжуваме мотивирани, обединети, сплотени и сложни. Затоа што Македонија заслужува човек да се бори за неа, затоа што Македонија, како многу, многу пати во својата историја, ќе се исправи. Затоа што ова, ова, браќа и сестри, ова е Македонија“, нагласи тој.

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки додаде дека нема инфраструктурни вложувања, нема никакви инвестиции, нема проекти за делчевско.

„И додека нема проекти за овој регион, гледаме дека во западниот дел од државата власта се обидува да не убеди дека ќе градела автопати. Таа нема да гради туку таа ќе краде. Тоа е идејата на изградбата на Коридорите 8 и 10Д“, нагласи Ковачки.

„Во моментов се наоѓам во Кутретино и Суводол, исто така на територија на општина Демир Хисар со жителите на овие две села се разговараше на темата сиромаштија и тешката живеачка која што е нивно секојдневие. Велат дека ветениот живот, наместо живот станал беда, дека ветената правда наместо правда станала огромна неправда, а она едно општество за сите стана буквално распаднато општество за сите. И токму затоа тврдам дека единствен излез од сите овие понижувања и катастрофи се следни избори на кои и тоа како ќе го кажат својот глас против овие понижувања и криминали“, нагласи пратеничката Дафина Стојаноска.

Пратеникот Мирче Аџиоски додаде дека агендата е обемна, но целта е да се посетат сите населени места посебно во Струга затоа што тука се чувствува најмногу заробената држава. Бидејќи во Струга граѓаните имаат и заробена општина од страна на ДУИ и СДСМ.

„Имаме комплетно заробен систем од страна на ДУИ и СДСМ кој не функционира, односно функционира само за нивните потреби, за политичка пресметка со неистомислениците. Впрочем за тоа добивме потврда пред два дена и од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кој потврди дека во Македонија постои политички прогон на неистомислениците и дека власта ги користи институциите само за нивните потреби“, заклучи Аџиоски.

Пратеникот Бране Петрушевски при денешната посета населените места Љубодраг, Режановце и Ново Село истакна дека од Куманово има премиер, министер за внатрешни работи и многу други високи функционери од СДСМ во власта, а е тотално заборавено, и порача дека токму затоа заедно со народот власта ќе биде испратена на буништето на историјата.

Пратеникот Миле Лефков додаде дека граѓаните се жалат дека со оваа власт имаат слаба здравствена заштита, слаба поврзаност.

„Овие луѓе бараат власта да им обрати внимание, меѓутоа гледате дека Владата на СДСМ и ДУИ се грижи само за судството како да ги пушти своите пипци во судството, и како да се дограби до државниот буџет. А, луѓето кои што ги плаќаат даноците и произведуваат храна, да не видат ништо од тоа. Затоа пораката од овде е единствена, чекаат на наредните избори да дадат глас за опозицијата, да дадат глас за Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од СДСМ и ДУИ конечно да замине во историјата, а сите кои што се одговорни и тоа не го кажуваме ние туку луѓето од овдего порачуваат, ни рекоа да одговараат“, нагласи Лефков.

При денешната посета на населени места градоначалникот на Битола, Тони Коњановски го посети Пелагонискиот регион, а генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски населените места Просојница и Скудриње каде што во директна комуникација зборуваа за проблемите и тешката економска состојба во која се наоѓаат граѓаните.

„Денес сме во вашиот регион Долно и Горно Агларци ги посетивме, Делбеговци денес е пред нас и понатаму продолжуваме со тимот 15 крстариме во овој дел од Пелагонија, дојдовме да го слушниме вашиот глас, вашите маки вашите проблеми овде како од локална природа така и од централна меѓутоа и да дадеме надеж. Да ви дадеме надеж дека сето овa разобличување и сета оваа мака која сите ја живееме заедно наскоро ќе и се види крајот. ВМРО-ДПМНЕ е партијата која од секогаш била со својот народ, која ги штити националните интереси, дали се работи за распродавање на националниот идентитет, разобличувањето на државата дали во зачувувањето на економското распаѓање кое го чувствуваме сите по сите основи, по сите шавови на државата. Тука сме да дадеме поддршка да ви кажеме дека заедно сме сите скоро, повторно ќе застанеме сите во обновата на земјата“, порача Коњановски.

„Прекрасните места Присојница и Скудриње со уште подобри луѓе кои не му се предаваат на очајот од власта. Договоривме стратегија за идно делување, план за изградба и обнова на овој регион. Имаме силна поддршка за смена на оваа власт“, истакна Сајкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.