Пратеничката на СДСМ Снежана Ванчева Калеска на Фејсбук објави фотографија со спикерот на украинскиот парламент Руслан Стефанчук, но напиша дека тој е привремен претседател на Украина. Таа дури и погрешно го напишала, како „спикерот на украинската Врховна рада Олександар Турчинов“.
Таа додава и дека тој воедно ја извршува привремено и функцијата претседател на Украина.
Набрзо, под нејзината објава Стефанчук се огласи со коментар за да објасни дека тој не се вика Олександар Турчинов и дека не ја извршува привремено функцијата претседател на Украина.
„Драга Снежана, драго ми е што се запознавме, но моето име е Руслан Стефанчук, јас сум спикер на украинскиот парламент, а претседател на Украина е Володимир Зеленски“ – ѝ напиша Стефанчук на пратеничката од Македонија. Руслан Стефанчук е на чело на Врховната рада од 2021 година.
По овој гаф на пратеничката на СДСМ, ја „отепаа“ жената со шеги и на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.