Слободните и фер избори се суштински темел на силна демократија, рече демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч за претседателските избори во Македонија, пишува Гласот на Америка.

Се надевам дека граѓаните го користат својот глас за да ја обезбедат иднината на Македонија преку зголемени економски можности и зајакнати врски со САД и Европа“, напиша сенаторот Велч на социјалната мрежа Х.

Тој ја сподели објавата на американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер, која напиша дека амбасадата го следи изборниот процес и одвивањето на демократијата.

Првичните нецелосни резултати од деншниот прв круг претседателски избори покажуваат голема предност на кандидатката на опозицијата Гордана Силјановска-Давкова пред актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски.

Податоците кои од избирачките места се собираат во Државната изборна комисија се дека Силјановска-Давкова води со два спрема еден пред Пендаровски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.