Се надеваме дека Судскиот совет ќе се одважи соодветно, односно членовите за да го задржат својот интегриитет, без разлика на тие што гласале за или против, за да си дадат оставки, побара Ивана Петковска од коалицијата „Сите за правично судење“. Во настапот во емисијата „24 Отворено“ таа рече дека веднаш потоа треба да се пристапиу кон изборот на нови членови.

Не знаеме оваа ситуација со Судскиот Совет како ќе заврши, но се надеваме дека Судскиот совет ќе се одважи соодветно, односно членовите за да го задржат својот интегриитет, без разлика на тие што гласале за или против, за да си дадат оставки и во насока на подобрување на судскиот систем враќање на довербата на граѓаните, дека ќе се пристапи кон избор на нови членови кои што членови ќее треба да вложат и тоа какви напори за одговорно работење за спроведувањње на квалитетни и соодветни реформи кои што ќе значат целосно функционирање на судството, зголемување на довербата на граѓаните и намалување на политикчките притисоци и влијанија во правосудството, истакнаа Петковска.

Таа додаде дека ваква ситуација, создадена со рарешувањето на досегашната претседателка Весна Дамева, досега не ја сретнале.

Се појавија низа предизвици, работи кои ги направи Судскиот совет за кои или не се предвидени со закон или е некоја пракса невообичаена. Тука се издвојува начинот на кој се водеше седницата која на 26 април. Праксата била досега претседателот да ја води седницата. Оваа нова седница се одлага во два наврати и дополнително законот не предвидува постапка за разрешување на претседателот. Денеска повторно беше одложена без да се наведат причините и тоа може да влијае врз транспарентноста на Судскиот совет. Ваквото постапување води кон намалување на довербата на јавноста кон Судскиот совет. Доброто владеење и управување мора да се подобри кај Судскиот совет и јавно да се кажуваат одлуките, рече Петковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.