Претседателот на Синдикатот на полиција во Македонија (СПМ) Орце Коцевски на денешната прес-конференција пред Министерството за внатрешни работи упати остри критики за работењето на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, нагласувајќи дека тој и неговите луѓе успеале да создадат само уплашени полицајци кои за 14.500 денари ја наведуваат главата за да не добијат дисциплински постапки.

Осврнувајќи се на плановите за „малски полицаец“, што ги најави Спасовски, Коцевски истакна дека „свесно или несвесно“ ја уништил таа служба.

– Затоа што не си водел сметка како и на кој начин се обучуваат иднинте полицајци, не те ни интересира дали е функционален постоечкиот капацитет, па ги испраќаш идните полицајци на улица потполно необучени и неописменети за полициска работа, му се обрати претседателот на СПМ на министерот за внатрешни работи, нагласувајќи дека сето тоа не е вина на полицаецот.

Тој истакна дека министерот не води сметка за начинот на кој началниците и командирите ја спроведуваат и организираат работа и оти сите тие се поставени на функциите лично од него.

– Службата не функционира не затоа што полицаецот е неспособен, туку затоа што твојот систем, твојата систематизација, твоите началници, немаат ни П од полициска етика, морал и знаење. Секојдневно потфрлувате во основната задача – создавање на професионален полицаец, му се обрати Коцев на Спасовски.

Тој упати критики дека во МВР наместо поголем број на полицајци, се вработени луѓе од другите сектори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.