„Приватното и јавното здравство не треба да бидат конкурентност бидејќи тие се составен дел од здравствениот систем и треба помеѓу себе да соработуваат и да се дополнуваат и надградуваат“, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Ристо Симеонов на денешната трибина на тема „Здравство“ во рамки на акцијата „Пораки од реалниот живот – Ова е Македонија за сите“.
Тој додаде дека треба во здравствените политики да се земат силните и позитивните страни од јавното и од приватното здравство и да се направи еден здравствен систем кој ќе биде во интерес на општеството и на пациентите.
„Една од причините во јавно здравство за недостаток на кадар е тоа што во тек на специјализација докторите што се пратени од болници од други градови во Скопје бараат начин најчесто политички како во тек на специјализацијата да останат на работа во Скопје“, кажа Симеонов.
Тој изјави дека основната едукација и основните принципи во здравството мора секој специјализант да ги научи од менторот и едукаторот.
„За жал имаме и точна бројка од лекарска комора дека повеќе од 50% од завршени студенти по медицина заминуваат надвор од државата затоа што немаат квалитетна едукација, квалитетен здравствен систем кој ќе им овозможи по завршување на студии да запишат соодветна специјализација и при тоа да имаат соодветна едукација“, потенцираше Симеонов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.