Италија ја поддржува Македонија за влез во Европската унија. Тоа е нашиот став и ги поддржуваме и Македонија и Албанија во Европската унија.
Нема друга алтернатива, порача Амбасадорот на Италија во Република Македонија, Андреа Силвестри при посетата на Универзитетот „Гоце Делчев” и на Општина Штип.
Амбасадорот Силвестри денеска оставри средба со ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев и деканката на Филолошкиот факултет, Драгана Коцева-Кузмановска. На средбата се разговораше за соработка и воведување италијански јазик во основните и средни училишта.
Кузмановска истакна дека на Катедрата за италијански јазик има 30 студенти, а годинава ќе имаат и дополнителна мотивација за студенти кои ќе се запишат, односно Универзитетот доделува десет стипендии за најдобрите бруцоши.
-Амбасадорот е овде да ја поттикне идејата за воведување на италијанскиот јазик во нашите основни и средни училишта, како изборен предмет и со тоа ќе даде придонесе за обучување на напи идни студенти, односно на тој начин ќе го промовира италијанскиот јазик и со негово изучување ќе придонесе да се стекнеме со нови потенцијални кандидати на Катедрата за италијански јазик и книжевност, вели Кузмановска.
Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека како општина ја прифаќаат идејата од страна на амбасадорот на Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.