Од обработени речиси 78 отсто од гласачките ливчиња во денешниот втор круг претседателски избори, резултатите што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека кандидатктата на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 413.598 (64,77%) води пред Стево Пендаровски од СДСМ има 186.954 (29,28%).

Според податоците на ДИК, Силјановска Давкова досега освои над 50 илјади гласа повеќе од првиот круг.

Пендаровски веќе го призна поразот и им посака успешна работа на победниците.

Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.