Кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во вечерашната претседателска дебата на Телма истакна дека таа на граѓаните им вели да го искористат своето политичко право и да гласаат по сопствено политичко уверување.
-Не можете да им оневозможите на коалициите и на лидерите на партиите меѓу себе да разговараат. Логично е опозицијата да се обединува кога има противник каква што е оваа власт. Веројатно и совпаѓањето на изборите оневозможува да се постави една линија цврста, помеѓу она што, кој и како гласа за претседател и кој, како глса за пратеници. Значи, јас не ги повикувам партиите, јас ги повикувам граѓаните. Нема тука разлика меѓу мене и останатите, посочи таа.
Додаде дека ако ги слушаме и лидерите на партиите, тие не само што повикуваат туку и поставуваат услови.
-И не само за составувањето на владата и за настапот на парламентарните избори, туку и за самите кандидати. Само да потсетам, ние двајцата и на минатите избори излеговме заедно, тогаш имавме поддршка и од пратеници ама и од граѓаните. Јас добив повеќе потписи од граѓаните ама Изборниот законик е јасен дека можете да поднесете само една листа. И мојата дилема е како тогаш, ако можете да поднесете една листа, како ќе аплицирате и со потписите на граѓаните и со поддршката на пратениците? Инаку, логиката е во нешто друго. Ако господинот Пендаровски го поддржале граѓаните, тогаш се треба да оди, од договори со Вас до финансирањето, преку оние 10%. А, не 45 плус 45 како што тој и јас настапуваме. Сега ви е јасно кој кого изманипулирал. Само фрлете поглед на билбордите и ќе видите кој најзастапениот. Јас не сум видела толку варијации на билборди како овој пат. Навистина граѓаните се многу богати изгледа. Јас имам еден билборд, една слика. Инаку сум застапник на тоа во Изборниот законик да се регулира големината на билбордите така што апсолутно не гледам хипокризија. Јас кај вас гледам хипокризија и цинизам, посочи Силјановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.