Претседателката Гордана Силјановска Давкова, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ.
На средбата, како што јавува известувачот на МИА, е изразено задоволство од досегашниот развој на односите и соработката меѓу двете земји, без отворени прашања, со идентични ставови на билатерален, регионален и на мултилатерален план. Двајцата соговорници ги потврдија и заедничките стратешки цели – мир и стабилност во регионот и членство во ЕУ, како и соработка и сојузништво во рамки на НАТО Алијансата.
Во насока на унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес, претседателката Силјановска Давкова истакна дека економската, регионалната и соработката во европските интеграции се областите во коишто ќе треба поинтензивно да работат и да се фокусираат двете држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.