„Без оглед на времето секој маж кога говори треба да внимава и да испрати каква порака праќа дали е пораката мизогина, шовинишстичка, мачос, сексистичка тоа е недозволиво особено во јавниот простор“, рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Телевизија Алфа.
Таа посочи дека она што нејзе ја боли е тоа што се подготвуваме за прослава 20 години клуб жени пратенички и сега наеднаш се соочуваме со говор на омраза.
„Тврдам дека не сум чула во парламент дури и во нашето опкружување ваква изјава. Во меѓувреме во интерес на неутралноста дознав дека премиерот Димитар Ковачевски ѝ се извинил на пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска меѓутоа сакам тоа да биде јавно бидејќи навредата беше јавна“, рече Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова истакна дека недозволиво е таквото однесување на премиерот.
„Пратеничката не зборуваше за убавите жени и за нивото право да имаат примат во бизнисот туку зборуваше за своевиден конфликт на интереси и непотизам. Премиерот не смееше да се однесува како да е член на жири за избор на мис па да оценува изглед и такви изјави да дава“, вели Силјановска Давкова.
Таа е децидна дека граѓаните сакаат да слушнат автентични ставови, а не напишани говори. Се случувало ист говор да прочитаат различни пратеници во еден ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.