Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Подгорица, ја коментираше изјавата на новоизбраната еврокомесарка за проширување, Марта Кос, која вчера кажа дека очекува Македонија да направи уставни измени.
Според претседателката, тоа звучи како мешање во внатрешните работи на земјава.
„Имам забелешка на дикцијата на новата еврокомесарка, бидејќи кога рече – велите: ништо помалку и ништо повеќе, тоа ми личи на нешто како земи го или остави го. Тоа не е филозофија, тоа е софистицирано евромандаринство. Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи“, изјави Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференција со нејзиниот црногорски колега, Јаков Милатовиќ.
Кос кажа дека таа не е некој кој може да даде гаранции дека во иднина Бугарија нема да блокира. Бугарија бара Македонија да ги внесе Бугарите во Уставот. Македонија уште е во чекалната на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.