Што се случи со оградата од Владата, која власта на СДСМ по доаѓањето експресно ја отстрани? Дали вистинската намера беше Владата да биде поблиску до граѓаните, или демонтирањето на кованото железо имаше сосема поинаква цел? Три години откако ја отстрани, според тврдењата на власта, не знаат што да прават со неа. Во 2019 година украсната ограда беше спектакуларно отстранета со нивниот изговор дека на тој начин Владата ќе биде поблиску до граѓаните. На ова место сега има само бели столбови, кои делуваат доста грдо и без никаква поента.

Во 2019 година тогашниот портпарол, Миле Бошњаковски изјави:

На последната седница, Владата донесе одлука за отстранување на железната ограда, со цел да се ослободи целосно јавниот простор околу владата и за да биде достапен за користење од страна на граѓаните. За отстранувањето на железната оградата нема да се трошат пари на граѓаните, туку ќе бидат искористени внатрешни ресурси, односно постојните капацитети на службите во рамки на Владата.

Портпаролот на Владата додаде дека сите понатамошни одлуки во однос на железната ограда и на просторот околу зградата, владата ќе ги донесе и ќе ги направи по консултација со граѓаните на земјата.

Во 2019 година „Република“ праша но, Бошњаковски не одговори на прашањето што точно значи тоа „консултација со граѓаните на земјата“. Немаше одговор ниту како планираат таа консултација да се направи, консултативен референдум или онлајн анкета.

Три години подоцна граѓаните не се консултирани. „Република“ повторно праша што се случува со оградата, дали можеби е продадена, кому и за која цена?


Оттаму добивме кус одговор:

Оградата грижливо и соодветно се чува во магацински простории, бидејќи за неа се потрошени пари од Буџетот на државата. Секоја година таа се попишува како основно средство.

Следуваат уште низа прашања, на кои се надеваме Владата ќе ја удостои јавноста со поконкретни одговори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.