Собранието денеска во рамки на продолжението на 79. седница го донесе Законот за заштита на потрошувачите по скратена постапка.
Расправа по овој предлог се одвиваше вчера, а она што е новина и клучно во овој нов Закон е што се воведуваат, односно се дава посебно внимание на нечесни трговски практики, измамнички трговски практики и агресивни трговски практики при продажба на стоките и услугите, вклучувајќи ги и недвижностите, дигиталните услуги и дигиталните содржини.
Со предлог-законот треба да се обезбеди и високо ниво на заштита на правата за потрошувачите, а истовремено гарантира полесни услови за деловно работење.
Со предлозите, се уредуваат правата и обврските на потрошувачите и на трговците во потрошувачките односи, начините и постапките на заштита на правата на потрошувачите, информирањето на потрошувачите, унапредувањето на знаењето на потрошувачите за нивните права и начините и постапките на нивна заштита, правата и обврските на здруженијата и сојузите за заштита на правата на потрошувачите, правата и обврските на надлежните органи.
Со новото законско решение се овозможува подобро остварување на правата на потрошувачите преку ефективен надзор на пазарот, подобро информирање и едуцирање на потрошувачите за нивните права, зајакнување на независноста и репрезентативноста на здруженијата за заштита на потрошувачите и обезбедува инструменти за брзо решавање на потрошувачките спорови како можноста за колективно решавање на потрошувачките спорови.
Пратениците на истата седница го изгласаа и Предлог-закон за дополнување на Законот за здравствената заштита.
Собранието го усвои и предложениот заклучок на предлог-законот за техничките барања за производите и оцена на сообразност во прво читање.
Претседателот на Собранието ја прекина седницата, а за продолжението на истата дополнително ќе информира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.