Скопјанецот Раде Трајковски – Штекли кој пред неполн месец беше тешко ранет по пукање во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, повторно се огласи на социјалните мрежи. Тој овојпат на својот Инстаграм профил објавил „стори“ од раните кои ги добил од куршумите.
„Благословен сум“, „Една од петте“ и „Бог ги сака храбрите“, напиша „Штекли“ покрај објавеното стори, на кое се гледа неговиот грб.
Претходно, по социјалните мрежи кружеше негова фотографија од болничкиот кревет во болницата „Св.Наум Охридски“ во Скопје, при што можеше да се види како членот на скопското подземје позира насмеан. Исто така видливи беа преврски во пределот на градниот кош.
Ова беше второ пукање во истиот Мол кон „Штекли“, а првото беше на 25 август. Овој пат беше ранет и неговиот другар Д.Т. со прекар „Колумбо“, роден 2002 година.
На крајот на октомври, во скопски Сарај беше пронајдено запалено возило марка „Ауди“ со црна боја, кое било користено за бегство по нападот во Ист Гејт Мол.
МВР се уште води истрага и ги бара напаѓачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.