Премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон в недела доаѓа во еднодневна официјална посета на Република Македонија.

Се очекува тој во Скопје да има средби со премиерот Димитар Ковачевски и со претседателот Стево Пендаровски.

Посетата на Македонија е дел од турнеја на Санчез низ земјите од Западен Балкан, што ги вклучува и Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија.

Кабинетот на шпанскиот премиер соопшти дека Санчез ќе ги охрабри сите балкански земји да ги спроведат неопходните реформи што ќе им овозможи да го забрзаат приклучувањето во ЕУ и ќе им пренесе дека можат да сметаат на Мадрид за време на шпанското претседателство со Унијата во втората половина на 2023 година.

Санчез има намера да ја покаже и важноста што Шпанија ја придава на билатералните политички, економски и културни односи со државите од Западен Балкан, како и поддршка за напорите што ги преземаат да бидат дел од ЕУ.

Поддршка која веќе беше пренесена на самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан што се одржа минатиот месец во Брисел пред состанокот на Европскиот совет, на кој Санчез се заложи за старт на преговорите со Македонија и Албанија и давање статус кандидат за чченство на Босна и Херцеговина



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.