Со политиката на Филипче и Заев ни заминуваат сите профили вработени во здравството, со политиката на Сали и Ковачевски се пензионираа врвни дефицитарни специјалисти, а одредени лекари се уште чекаат милост за да останат на своите работни места и да придонесат со својата стручност во пружање на здравствена услуга, во едуцирање млади кадри, констатира инфектологот Жаклина Шопова.
Коментирајќи ја веста дека јавното здравство моли за стручњаци од сите профили/
Какви ни се системите уште многу долго ќе се продуцираат само кадар, но не и квалитет:
👉Не може и не смее да се дозволи да медицинска сестра биде едуцирана вонредно во средното образование, да се преквалификува, да стане високообразована, а предходно да нема ниту еден ден работено како медицинска сестра,
👉Не може и не смее лекарите да се едуцираат од постарите специјализанти… и уште многу, многу други недостатоци!А сегашниов наш министер за здравство со истиот премиер веруваат дека ќе ги средат сите проблеми, и ќе ги надополнат профилите коишто недостасуваат само со менување на одредени директори по здравствените установи за кои претходно се договориле, со преговори за повисоки плати, кои впрочем требаше многу одамна да бидат барем приближно на оние во земјите каде што ни бега здравствениот кадар, бидејќи и таму храната, средствата за лична хигиена, па и останато… се со иста цена, да неречам и поевтини отколку во оваа наша држава.
Затоа треба сите вие да си заминете што поскоро, но и да сносите одговорност и да одговарате пред народот, пишува Шопова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.