Високиот советник на Стејт департментот, Дерек Шоле денеска ја започнува тридневната посета на Западен Балкан.

Шоле прво ќе го посети Скопје, каде ќе разговара со владини претставници за повеќе прашања, меѓу кои енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.

Потоа, Шоле ќе отпатува за Приштина, каде што ќе разговара за напорите на САД да помогнат во унапредувањето на евроатлантската интеграција „преку дијалог со поддршка на ЕУ за да се постигне сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, фокусирана на взаемно признавање“, соопшти Стејт департментот.

Шоле утре ќе престојува во Белград, каде со српското раководство ќе разговара за енергетската безбедност, регионалната економска интеграција и напредокот кон целта на Србија за пристапување во ЕУ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.