Министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Ољта Џачка денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Како што информираат од МНР, теми на разговор на средбата меѓу министрите Османи и Џачка се очекува да бидат посветеноста на двете земји за одржување на високото ниво на билатералната соработка, пристапниот процес за членство на двете држави во ЕУ, соработката во рамки на НАТО и регионалната динамика, со посебен осврт на неодамна постигнатиот договор меѓу Косово и Србија.

Покрај средбата со нејзиниот хомолог, предвидено е Џачка да оствари средби и со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, првиот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.