Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за одработување во саботи за 24 април и 8 мај, кои Владата ги прогласи за неработни денови за сите граѓани поради изборите, и за 30.11.2023, кој беше прогласен за неработен поради самитот на ОБСЕ во Скопје. Во Министерството за образование се бара решение како неработните денови да се надоместат во периодот од понеделник до петок за да не се оптоваруваат дополнително ниту учениците ниту наставниците ниту, пак, родителите.

Го разбирам револтот, но дописот морав да го испратам оти има законска обврска учебната година да трае 180 работни дена. Свесни за реакциите, најмногу реагираа родителите, еве денес се обидуваме во Министерството да најдеме некое друго решение за да се одработат деновите, а кое нема да значи да се оди на училиште во сабота. Бараме начин како да се надополнат часовите во текот на работната недела од понеделник до петок и сите опции се во игра. Доколку најдеме решение, нема да се учи во сабота“, вели министерот Шаќири за „Макфакс“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.