Припадниците на еврејската секта „Лев Тахор“, кои од ноќеска се сместени во Горно Лакочереј ги вознемирија жителите на ова охридско село веднаш штом ги виделе.

Тие велат дека оваа група треба да си замине од селото и најавуваат дека се организираат за да протестираат, објави поратлот „Охрид1“.

Сектата е донесена ноќеска и сместена е во хотелот во нашето село. Ние ќе реагираме на ова затоа што во Лакочереј ја донесоа сектата што ја бркаат од целиот свет. Нив не ги примаат ни во Америка ни Израел, а овде ги донесоја со обезбедување. Сега се собираме и одиме да бараме да ги дислоцираат. Ова е за нив изворче на нафта од коешто ќе прават пари во хотелот, а ние цело село ќе се плашиме и сме вознемирени од новното присуство. Ова нема да го оставиме вака – вели за „Охрид1“ Илче Настоски, жител од Горно Лакочереј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.