Планинарските клубови Јелак и Тетекс денеска по јубилеен 15. пат го организираа традиционално летно искачување на Титов врв, највисоката точка на Шар Планина.
Меѓу 50-тината присутни на ова искачување беше и најмладиот учесник, седумгодишниот Максим Стрезоски.
Тој за првпат го искачи највисокиот шарпланински врв, но иако е на возратс од седум години, тој веќе има планинарско искуство со неговите родители.
Ние планинараме и пешачиме често. Претходно бевме на искачување до месноста Лешница и тогаш праша што е следно. Ни беше предизвик и успеавме заедно. За нагоре на неколку места одмаравме и на секое прашуваше кога е следната пауза. Но, најсилна инспирација доби кој ја виде кулата, му дојде сила да ја види близу, да влезе внатре. Кога стигна на Титов врв беше пресреќен и праша дали може да се живее во кулата. Изеде сè што имав земено за јадење, вели неговата мајка Соња, која членува во ПК Тетекс.
Меѓу 50-тина учесници покрај најмладиот, како највозрасeн беше 75 годишниот д-р Реџеп.
Патеката од Попова Шапка до Титов врв е со должина од околу 12километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.