Девет општини од Македонија: Аеродром, Берово, Битола, Виница, Куманово, Неготино, Новаци, Радовиш и Штип денеска ja добија Европската ознака за извонредност на управувањето.

Од деветте општини седум се управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, додека една има независен кандидат и една е управувана од градоначалник на СДСМ, што е вистински доказ за работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, Европската ознака за извонредност на управувањето е воспоставена од Советот на Европа, а доделувањето го организира Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) која од минатата година е акредитирана да го спроведува проектот во Македонија, Хрватска и Косово.

Како што информира АЛДА, општините Аеродром, Берово, Битола, Виница, Куманово, Неготино, Новаци, Радовиш и Штип учествуваа во проектот и успешно го спроведоа процесот на самооценување на нивната работа. Воедно покажаа високо ниво на усогласеност со 12 начела за добро демократско управување на Советот на Европа, заедно со три општини од Хрватска и шест од Косово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.