Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата е Предлог-одлуката за објавување оглас за именување претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен и Предлог-одлуката за именување  претседател и членови на Управниот одбор на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор.

Членовите на Комисијата ќе разгледаат и барање од заменик-министeр во Владата и барање од пратеник за утврдување надоместок на закупнина на стан.

На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на дневниот ред е Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2023 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.