Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) денеска ќе ја одржи шестата седница на Генералното собрание на која ќе се дискутира за актуелните предизвици со кои се соочуваат единиците на локална самоуправа.
Делегатите на ова највисоко тело на ЗЕЛС, составено од сите градоначалници во земјава, како и од членовите на Комитетот на советите при ЗЕЛС, како што е најавено, ќе ги разгледаат и важните извештаи од работењето на Заедницата.
Од ЗЕЛС соопштија дека пред делегатите ќе се обрати претседателот на Заедницата, Орце Ѓорѓиевски, како и мандатарот за формирање на нова влада, Христијан Мицкоски, кој ја прифатил поканата од ЗЕЛС да ги изнесе ставовите и заложбите на идната извршна власт за обезбедување на взаемна соработка за унапредување на процесот на децентрализацијата на власта во земјата и обезбедување на подобра финансиска стабилност на општините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.