На седница на Извршниот комитет поплднево ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе одлука за предлогот за референдумско изјаснување за пакетот услови кој стана дел од преговарачката рамка, а ги отсликува бугарските максималистички барања.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски отвори процес на широки консултации со внатрешните органи на партијата, повеќе професори и експерти по уставно право, со академската јавност и коалициските партии за што доби и поддршка за самата иницијатива.
Она што за ВМРО-ДПМНЕ е пречка е членот 5 од преговарачка рамка, кој се потпира на протоколот.
Овој член ги содржи спорните делови од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија потпишан во 2017 година.
Оттука изворот и коренот на проблемите се наоѓа токму во овој договор кој поставува основа на бугарските позиции. Подоцна од него произлезе и преговарачката рамка и членот 5.
ВМРО-ДПМНЕ не ги спори и ги поддржува аспирациите за интегрирање на Македонија во ЕУ, но она што е неприфатливо се бугарските барања за промена на исоптријата, идентитетот, јазикот и културата.
Токму затоа размислувањата во ВМРО-ДПМНЕ, а за кои ќе се дискутира на вечерашниот Извршен комитет, се на референдум да се побара престанок на важноста на овој договор со кој се поставија фундаментите за бугаризација и обезличување на Македонија. До таквиот рефререндум би се дошло преку собирање на граѓански потписи, а на иницијативата прв потпишани ќе биде раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Откако ќе се собере најмалку 100 потписи, ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон собирање на 150 илјади потписи од граѓани. Од партијата апелираат власта да не го попречува процесот.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата остануват гарант дека уставни промени нема да има.
Седницата на Извршниот комитет ќе започне во 18 часот, околу 20 часот се очекува изјави за медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.