Радиолозите од ЈЗУ УИ за Радиологија, во организација со новиот менаџмент, в.д. медицинскиот директор, д-р Соња Николова, започнаа активности на прекувремена работа, вклучително и викенди, за да се справат со заостанатите медицински извештаи, акумулирани со месеци.

Со овој чин, радиолозите од ЈЗУ УИ за Радиологија ја акцентираат нивната посветеност и грижата за пациентите и здравствениот систем.

Овој начин на работа овозможи ревносно да се анализираат заостанатите скенови, да се подобри соработката меѓу колегите и да се обезбеди навремена и точна дијагностика, со што ќе се нагласи и нивната витална улога во одржувањето на ефикасноста на здравствената заштита, особено под предизвикувачки околности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.